Годишно една и пол плата за камата

Bez autora
Feb 27 2014

Македонските граѓани лани во просек платиле по една и пол просечна плата за отплата на каматите за земените кредити од банките. Ова го покажува анализата на податоците на Народната банка на Македонија, според кои деловните банки лани наплатиле вкупно 408 милиони евра за камати и провизии од граѓаните. Од нив, дури 327 милиони евра биле за камати и 81,5 милион евра за провизии. Ако се земе предвид дека дури 240 милиони евра била сумата што ја платиле домаќинствата и физичките лица за камати, излегува дека во просек секој од околу 460.000 вработени во земјава, кои се и кредитоспособни, лани оставил вкупно 521 евро за камата и по околу 40 евра за провизии, односно вкупно 34.000 денари.

Годишно една и пол плата за каматаМакедонските граѓани лани во просек платиле по една и пол просечна плата за отплата на каматите за земените кредити од банките. Ова го покажува анализата на податоците на Народната банка на Македонија, според кои деловните банки лани наплатиле вкупно 408 милиони евра за камати и провизии од граѓаните. Од нив, дури 327 милиони евра биле за камати и 81,5 милион евра за провизии.

Ако се земе предвид дека дури 240 милиони евра била сумата што ја платиле домаќинствата и физичките лица за камати, излегува дека во просек секој од околу 460.000 вработени во земјава, кои се и кредитоспособни, лани оставил вкупно 521 евро за камата и по околу 40 евра за провизии, односно вкупно 34.000 денари.

Според податоците на Народната банка за работата на комерцијалните банки, граѓаните и компаниите во 2012 година платиле 406 милиони евра за камати и за провизии или 17 милиони евра повеќе отколку во 2011, односно дури за 21 милион евра повеќе одтколку во 2010 година.

Податоците покажуваат дека последните години, освен профитите на банките, расте и наплатената сума за камати за провизиите. Споредено, на пример, со 2008 година, лани износот што го наплатиле банките за камати е зголемен за 59 милиони евра. Приходот од провизиите пораснал за 18 милиони евра споредено со 2009 година.

Граѓаните коментираат дека не сакат ниту да пресметаат колку пари месечно им одат за камати, но повеќе се револтирани за високите провизии што ги наплатуваат банките.

- Требаше да извршам уплата за храна во училиште за син ми и се запрепастив кога службеникот благо ме предупреди дека провизијата им е 40 денари, бидејќи уплатата е кон друга банка. Не е нормално над половина евро да се плаќа за една обична банкарска услуга, односно уплата. А потрагично е што не можеш никако да ја избегнеш. Бидејќи сега секое плаќање мора да биде на уплатница. Ако пресметам, ќе излезе дека најмалку 5 евра месечно едно семејство го чинат само банкарските провизии - вели скопјанецот Александар.

Граѓаните што ги сретнавме пред една деловна банка велат дека се свесни оти парите им летаат за камати и за провизии, но коментираат дека тоа се услуги без кои не можат.

- Имам две кредитни и една дебитна картичка и потрошувачки кредит. Сумата што месечно ми оди за камати надминува 50 евра - вели скопјанецот Никола.

Математиката покажува дека лани граѓаните оставале по 6,8 милиони евра месечно на шалтерите за провизии или на банкарските салда се слевале по 223.000 евра дневно.

И бизнисмените не се задоволни од високите провизии кои ги плаќаат за секоја уплата.

- Немам правено пресметки, но најмалку 4.000 денари месечно ме чинат банкарските провизии, а мислам дека и најмалите фирми не се под 2.000 денари месечно. За само една плата потребни се шест налози - вели еден бизнисмен.

Инаку вкупните кредити издадени од банките изнесуваат речиси 3,8 милијарди евра, од нив околу 1,56 милијарда се кредити дадени на домаќинствата, а остатокот за фирмите.

Банките лани имале добивка од 38 милиони евра

Раст на добивките на домашните банки, покажуваат последните податоци на Народната банка за минатата година. Банките лани оствариле добивка од 38 милиони евра, многу поголема отколку во 2012 година, кога завршиле со вкупна добивка од 23,7 милиони евра.

Големите банки лани имале добивка од 27,5 милиони евра, средните биле во плус од 10,8 милиони евра, а малите банки прикажале мала загуба од 780.000 евра.

Интересно е дека во првите три месеци од ланската година банките прикажаа негатива од 630.000 евра. Полугодието го завршија со вкупна добивка од 5,7 милиони евра. Додека за девет месеци од ланската година прикажаа вкупна добивка од 19,3 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik